Македонија во 2014 година ќе привлекува туристи со 150 милиони денари

49

mavez1 За развој на туризмот во 2014 годин се издвоени 150 милиони денари, со кои Агенцијата за туризам ќе може да ја промовира Македонија, соопштуваат од Владата на Република Македонија.

„За Агенцијата за туризам се предвидени 150 милиони денари. Надвор од тоа се планирани средства и за меѓународна медиумска промоција. Охрабрени сме од минатата година затоа што имаше раст од 26% на странски туристи и 6% на домашни туристи во споредба со 2012 година”, изјави премиерот Никола Груевски.

Ваквиот резултат, додаде, се должи на чекорите што ги презема Владата меѓу кои давањето субвенции на тур операторите, кои носат туристи во Македонија, на авиокомпаниите и меѓународната медиумска промоција на земјата.

Од оваа година, во буџетот за туристичка промоција на земјата ќе се слеваат средства од игрите на среќа, поточно 40 милиони денари.