Македонија во февруари ги добива првите дози на Pfizer вакцината

90

Република Северна Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината.

“Денеска попладне постигнавме директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април. Министерството за здравство продолжува разговори за обезбедување вакцини и преку преговори со земјите членки на ЕУ како и преку Ковкакс механизмот од каде се очекува распоредот и датумот за дистрибуција на првите количини. Ова е одлична вест за сите граѓани и прв чекор кон конечна победа над пандемијата. Во јануари се очекуваат и фрижидерите за складирање на овие вакцини и со тоа македонскиот здравствен систем ќе биде целосно подготвен за вакцинацијата“, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.