Македонија во февруари најмногу туристи имала од Турција

54

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2024 година изнесува 44 224, од кои 39.0 % се домашни туристи, а 61.0 % се странски туристи.

Најмногу туристи доаѓаат од Турција 5.104, следат Србија, 3.448, Грција 2.679, Бугарија 1.621 и Албанија 1.551.

Бројот на ноќевањата во февруари 2024 година изнесува 89 362, од кои 44.7 % се од домашните туристи, а 55.3 % од странските туристи.

Во периодот јануари – февруари 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 9.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.9 %, а кај странските има зголемување за 12.8 %.

Во периодот јануари – февруари 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 11.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 12.0 %, а кај странските има зголемување за 11.2 %.