Македонија во октомври ја посетиле 79.930 странски туристи

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2024 година изнесува 107 672, од кои 25.8 % се домашни туристи, а 74.2 % се странски туристи.
Бројот на странски туристи изнесува 79.930. Најмногу туристи и во месец октомври дошле од Турција 23.838, следува Србија со 6.582, потоа Германија 4.686, Грција 4.624 и 2.768 бугарски туристи.
Бројот на ноќевањата во октомври 2024 година изнесува 211 611, од кои 32.5 % се од домашните туристи, а 67.5 % од странските туристи.
Во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за
14.7.%.
Во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.1 %, а кај странските има зголемување за
9.9.%.
Фото: Pixabay