Македонија2025 објавува отворен повик за стипендии на ЛИДЕР Проектот

21

e855b79b-7123-4aa0-921b-c056171c13ba

Македонија2025 објавува отворен повик за 40 учесници  кои ќе добијат целосни стипендии за 9-тото издание на ЛИДЕР Проектот во Скопје.

Ivey School of Business, го организира ЛИДЕР Проектот уште од 1991. Оваа бесплатна програма, претставува десетдневна МБА работилница, која им овозможува на претприемачите да ги развиваат своите локални бизнис решенија, коишто ќе отворат можности за нивните заедници.

Кој може да аплицира: Ако сте претприемач, менаџер, сопственик на компанија или млад професионалец,  со одлично познавање на англискиот јазик, кој делува локално, а мисли глобално и ако сте решени да ја остварите Вашата идеја, тогаш ЛИДЕР Проектот е за Вас.

Што ќе научите: Алатки за анализа, процеси за размислување и вештини за донесување одлуки кои се потребни на секој претприемач и менаџер за надминување на предизвиците и за да напредува.

Кога ќе се одржи: ЛИДЕР Проектот ќе се одржи од 9-20 мај, секој работен ден од 12-16 часот, во Дипломатик Салата на Скопскиот Саем.

Крајниот рок за аплицирање е 20 март. Сите детали за аплицирање можете да ги најдете на http://www.macedonia2025.com/programs/theLeaderProject.