Македонија2025 потпиша ексклузивен договор со KSM за стипендии за развој на извршни директори

46

 

kellog

Невладината организација Македонија2025 потпиша ексклузивен договор со Kellogg School of Management (KSM), со цел да обезбеди стипендии за глобално познатата програма на Келог за развој на извршни директори, под името Zafirovski Executive Education Program Scholarships.

Отворениот повик за апликации се затвора на први февруари, а деталите за програмата и начинот на аплицирање може да ги најдете на (http://www.macedonia2025.com/programs/zafirovskiProgram)

Македонија2025 во соработка со Келог училиштето за менаџмент има за цел да обезбеди и реализира првокласна едукативна програма за извршни лидери од бизнис сферата во Македонија. Оваа програма ќе ги обнови и дополни веќе стекнатите вештини и компетенции на македонските директори и менаџери и ќе придонесе кон понатамошниот развој на македонската економија и работна сила.