Македонска берза ја стави УНИ Банка на Листата за набљудување по најавата за преземање

Македонска берза ја внесе УНИ Банка АД Скопје на својата официјална Листа за набљудување, со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавената намера за давање понуда за преземање на друштвото од страна на од Steiermarkische Bank und Sparkassen AG.

Ве известуваме дека донесен е заклучок за внесување на издавачот УНИ Банка АД Скопје на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, согласно член 61-а од Правилата за котација.

Внесување на друштвото УНИ Банка АД Скопје на „Листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавената намера за давање понуда за преземање на друштвото.