Македонска берза се приклучи на хуманитарно движење Pay it Forward

15

Македонска берза АД Скопје се приклучи на иницијативата на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea, којашто од минатата година е промотор на глобалното хуманитарно движење Pay it Forward (Продолжи понатаму), стои во соопштението.

Целта на акцијата е да промовира и да шири позитивна енергија, како и да развива чувство на заедништво и сплотеност меѓу луѓето, односно да се поттикнат повеќе од 10 милиони чинови на добрина во светски рамки!

Pay it Forward (Продолжи понатаму) функционира на начин што поттикнува да направите неколку добри дела за различни луѓе и од нив да не барате ништо за возврат, односно единствено треба да побарате и тие понатаму да направат неколку добри дела за други луѓе. Македонска берза, со свој скромен придонес, безрезервно се приклучи кон ова глобално движење на добра волја.