Македонската агенција Пи Ворлд – прва интернационална агенција со дозвола за работа во Иран

80

1

Тоа што не им успеа на големите светски ПР агенции, и успеа на македонската креативна агенција Пи Ворлд. Од ноември оваа година, Пи Ворлд ќе биде првата интернационална агенција на која и е дозволено да работи и организира настани во Иран. Имено, агенцијата, од 21-22 ноември во Техеран, главниот град на Иран, ќе го организира првиот интернационален маркетиншки настан во историјата на оваа Исламска република.

“Global Marketing Summit вклучува презентации од некои од најголемите светски маркетиншки експерти и навистина сме горди што нас ни припадна честа да го организираме овој настан во Иран. Иран го има најголемиот економски потенцијал во Средниот Исток и со подигањето на санцкиите следната година, се очекува да стане и најпримамливата светска дестинација за инвестирање”, кажува во својата изјава Коста Петров, првиот човек на Пи Ворлд.

Пи Ворлд е основана во ноември 2010 година и за неполни пет години успеа да се позиционира како лидер во областа за организрање на настани во 30 различни земји во светот меѓу кои се и Катар, Египет, Јордан, Мароко, Азербејџан, Грузија и Турција. Од следната година компанијата ќе започне со работа и во Гана и Индија.