Македонски дизајнер претстави електрично Yugо од 21 век

479

Македонски дизајнер ја претстави својата визија за модерното Yugо, чија форма е инспирирана од оригиналниот модел од осумдесеттите години.

Во време кога сѐ повеќе дизајнери на автомобили наоѓаат инспирација за нови возила во старите модели на нивните брендови, чии стилски детали ги применуваат за електричните возила во иднината, интересна интерпретација за Yugо  за 21 век доаѓа од македонски дизајнер.

Графиките се дело на дизајнерот Дејан Христов, кој својата љубов кон автомобилите ја трансформира во интересни проекти, како овој за модерната верзија на легендарниот модел Zastavа.

Како почетна точка Христов ја искористи карактеристичната хечбек форма на оригиналниот модел, која потоа ја модернизира и ја приспособи на модерната естетика на автомобилската индустрија.

Неговото модерно Yugo има електричен погон и е дизајнирано како електричен автомобил со прифатлива цена што би одговарала на цената на моделот Dacia Spring Electric.

Повеќе детали не се познати, но Дејан Христов  како што пишува Revijahak, планира за својот проект да ја извести Владата на Србија и смета дека во неговата реализација може да учествуваат Rimac Automobili, Stellantis група која е сопственик на фабриката во Крагуевац или Renault/Dacia.