Македонски енергетски ресурси доби концесија за јаглен во Пехчевско

45

Концесијата за експлоатација на јаглен во атарите на село Панчарево – Пехчевско и село Sвегор – Делчевско му е доделена на Акционерското друштво во државна сопственост Македонски енергетски ресурси.
Според информациите од двете општини, експлоатациското поле зафаќа вкупна површина од околу 10 километри квадратни. Од нив на територијата на општина Пехчево се шест и на територијата на општина Делчево се четити километри квадратни.
На овој дел од Пијанечко-малешевскиот регион според геолошките испитувања, вршени во последните неколку години, се утврдени рудни резерви од над 50 милиони тони.
За да се отвори рудникот, кој ќе овозможи поголем број вработувања, претходно треба да се изврши експропријација на земјиштето. Со овој процес ќе бидат опфатени над 500 земјоделски парцели.
Инвестицијата е предвидено да се одвива по принципот на јавно-приватно партнерство.
“Очекуваме отворањето на рудник да ја запре миграцијата и да донесе препород на ова подрачје”, вели Игор Поповски, градоначалник на Пехчево.