Македонски фармери ќе се обучуваат во Холандија

24

agriculture_newhollandФедерација на фармерите на Република Македонија во партнерство со Horti-Match од Холандија објави оглас за учество на обука за стекнување на стручно образование за управување на земјоделски задруги која ќе се одржи во Холандија.

Шеснаесет фармери ќе имаат можност да престојуваат 14 дена во Холандија за време на есенскиот период, каде ќе се обучуваат во насока за воспоставување на успешно управување со земјоделски задруги, како организациски модели, трендови и предизвици, претприемништво, поддршка на ранливи групи, како и посета на задруги.

Трошоците за храна и сместување, обуката и повратен авионски билет до Холандија се покриени од програмата за што ќе биде доставен договор до учесниците. Информативни сесии за културна и јазична подготовка на учесниците ќе се реализираат во летниот период од страна на Фондацијата Агро-Центар за Едукација.

Обуката е финансирана од Европската Унија под акцијата Мобилност – Лица на пазар и труд – потпрограмата Леонардо да Винчи од програмата Доживотно учење. Краен рок за пријавување е 23 јуни 2013.