Во Стопанската комора на Македонија денеска се одржува Трговска конференција на тема Македонските и турските бизниси заедно на пазарот на Африка: предизвик или можност?
“Развивањето на партнерските односи на Република Турција со земјите од Африка започна во 2008 година, кога Турција ја промовираше иницијативата на Турско – африканското партнерство – соработка на економски, политички, културен, образовен и здравствен план. Турските инвеститори во Африка ги користат локалните природни и човечки ресурси за производство и извезуваат во трети земји. Со цел поддршка на македонските компании заедно со турските компании да ги идентификуваат можностите за заеднички настап, но и да се поттикне создавањето услови за полесен пристап кон овие пазари од македонската страна, Стопанската комора на Македонија со партнерите организира Трговска конвенција за заеднички настап во Африка, што ќе се одржи денеска“, пишува во соопштението на Стопанска комора на Македонија.