Македонски претприемачи на Глобалниот самит за претприемништво 2016 во САД

23

ooooДвајца претставници од Македонија ќе учествуваат на Глобалниот саем за претприемништво (ГЕС) 2016 што ќе се одржи од 22 до 24 јуни во Пало Алто, Калифорнија, јавува МИА.

Благица Петрески и Зоран Настески ќе им се придружат на 700 претприемачи од целиот свет, говорници и лидери од светот на претприемништвото, информира Амбасадата во САД на Македонија. На самитот ќе бидат присутни и претседателот на САД Барак Обама, високи фунционери од владата, директорот на УСАИД Гејл Смит и други.

Овој самит е седми по ред од серијата самити што беа организирани од страна на САД, Турција, Обединетите арапски емирати, Мароко, Кенија и Малезија.