Македонски текстилни компании се претставуваат на скандинавскиот пазар

17

Македонските текстилни компании го освојуваат скандинавскиот пазар. На почетокот на годинава се претставија со свој штанд на второто издание на интернационалниот моден саем во Копенхаген.

“Треба да се земе предвид дека ова е сосема нов пазар и дека полека почнуваме да го освојуваме. Ова беше одлична можност македонските компании да се запознаат со модата, стилот и дизајните кои ги нудат овие брендови“, информираат од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на туризмот.

Станува збор за сосема поинаква мода во однос на останатите европски држави, односно дека скандинавците се познати по едноставниот, но префинет изглед.

“Компаниите се претствија со свој штанд, откако на почетокот на годинава за време на првото издание на саемот за текстил беше организиран бизнис настан со Б2Б средби и како резултат е иницирана соработка помеѓу македонски и компании од Данска и Шведска“, информираат од Агенцијата.

Во јануари компаниите остварија повеќе од 50 средби со скандинавски брендови. Организаторите очекуваат од остварените Б2Б средби со компаниите од овие земји да се реализира соработка.

Заедничкиот настап на тектилните компании на саемот беше организиран од страна на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Швајцарската програма за промоција (СИППО) и Текстилно трговско здружение на Македонија.