Македонски телеком: Активирање на интернет пакет од дома за помалку од две минути

52

telekom prodavnica

Македонски Телеком ја поедностави постапката за активирање на интернет услугата, со цел да го олесни пристапот до широкопојасен интернет.

Освен во Телеком продавниците или со јавување во контакт центарот на 122, секој корисник на фиксна телефонија од Македонски Телеком, кој што сака да се претплати на Call & Surf пакет со интернет и телефонија, услугата може да ја активира сам од дома, за помалку од две минути. На овој начин, корисниците не мора да одат во Телеком продавниците, а се намалува времето на чекање за активирање на интернет пакетите од неколку дена на помалку од две минути.

Постапката за активирање на интернет пакет од дома сега е поедноставна, побрза и полесна, без инсталирање на дополнителна опрема. Корисникот го поврзува својот компјутер или паметен телефон со рутерот којшто веќе е инсталиран во неговиот дом, го отвора интернет прелистувачот, при што кога ќе се појави веб страницата Мој телеком кликнува на интернет пакетот што го сака. Веднаш потоа, корисникот може да почне да сурфа на интернет. Освен пристап до интернет, со Call & Surf пакетите корисниците добиваат и вклучени минути за разговори, како и 24-часовна поддршка.

Оваа иновација за активирање на пакети од дома, која што е прва од овој тип во Европа, е резултат на придобивките кои што со себе ги носи модерната мрежа на Македонски Телеком, целосно базирана на интернет протокол. На овој начин, Македонски Телеком овозможува врвно корисничко искуство и пристап на македонските граѓани до современи и иновативни телекомуникациски решенија и услуги.