Македонски Телеком дел од акцијата Час на планетата Земја

76

fotoМакедонски Телеком и годинава ќе биде дел однајголемата светска волонтерска акција Часот на планетата Земја. На 24 март (сабота) во периодот од 20:30 до 21:30 часот компанијата ќе го исклучи осветлувањето во административната зграда во центарот на Скопје, со што ќе се испрати порака за спас на планетата Земја.

Со години наназад, климатските промени се еден од најсериозните проблеми на денешницата, па затоа Македонски Телеком традиционално е дел од глобалните иницијативи за климатски промени и одржлив развој, покажувајќи ја на тој начин не само својата општествена одговорност, туку и посветноста за заштита на човековата околина. Во таа насока, компанијата се стреми кон оддржливо општество за новите генерации, а во своето секојдневно работење постојано превзема мерки за подобрување на животната средина.

Годинава започнати се повеќе иницијативи во рамки на проектот Тelekom Goes Green со коишто Македонски Телеком се вклучува во борбата за чист воздух и здрава животна средина. Возниот парк е збогатен со паметни велосипеди за здрави и корисни навики на вработените, како и со првото електрично возило, како чекор кон борбата против аерозагадувањето во главниот град.

Дополнително, Македонски Телеком применува и иновативни решенија за зголемување на енергетската ефикасност, а намалувањето на потрошувачката на енергија го постигнува со воведување на нови современи комуникациски технологии. За контрола на потрошувачката на електрична енергија во административните објекти воведен е систем за автоматско вклучување на светлата.

Компанијата прави селекција и соодветно постапува со опасниот отпад како што е електронскиот и  електричниот отпад, отпадот од батерии и акумулатори. Грижата за животната средина се потврдува со повеќе мерки за намалување на користењето на хартија, а една од позначајните во којашто партнери се корисниците е воведувањето на електронска сметка како замена за хартиената. Како доказ за постојаната грижа за животната средина е и континуираното преиспитување на барањата на стандардот ISO 14001:2004.

Со поддршката во акцијата Час на планетата Земја, Македонски Телеком дава свој придонес во подигнувањето на свеста за климатските промени и истовремено ги поттикнува и останатите компании, поединци или организации активно да се вклучат во зачувување на здравата животна средина за идните генерациии.

Планетарното движење Час на планетата Земја е покренато од World Wildlife Fund организацијата, а во акцијатаучествуваат повеќе од 180 држави ширум светот.