Македонски Телеком ги намали цените за национални повици кон сите фиксни оператори

26

telekomМакедонски Телеком од 1 март, 2014 година ќе ги намали цените за меѓумесни повици кон сите фиксни оператори. Цената за локалните и меѓумесните повици ќе биде изедначена и наместо досегашните 3,54 денари за меѓумесни повици во нормална тарифа и 1,77 во евтина, корисниците ќе плаќаат 1,18 денари во нормална и 0,71 денар во евтина тарифа. Цената на меѓумесните ќе се изедначи со цената за локални повици.

Намалувањето на цените е овозможено со инвестицијата на Македонски Телеком во новата, модерна платформа базирана на Интернет протокол, на која беа мигрирани сите корисници. Сега, откако сите стари централи се исклучени, повиците ќе се рутираат од само една централна точка.

Веќе нема да постои разлика меѓу локалните и меѓумесните повици, сите повици во Македонија ќе бидат национални и ќе имаат иста цена кон сите фиксни оператори. Новите цени ќе важат за сите тарифни модели, освен за специјалните понуди.

Намалени се и цените на повиците од фиксни кон мобилни дестинации до 30% и тоа за повици кон сите мобилни оператори. Намалувањето се однесува на сите тарифни модели и пакети на услуги за приватни и деловни корисници.