Македонски Телеком го претставува проектот Паметен град во Барселона

67

 

picture2

Групацијата Дојче Телеком ги претстави најновите паметни решенија за подобрување на урбаниот живот и развојот на градовите, на Светскиот конгрес за паметни градови, што се одржува од 15-ти до 17-ти ноември во Барселона, стои во соопштението.

Благодарение на иницијативите за паметни градови на Дојче Телеком, се подобруваат развојот и функционалноста на европските метрополи како Бон, Будимпешта, Дубровник, Букурешт, Прага и Скопје.

Градовите во денешно време се соочуваат со огромни предизвици за справување со брзиот раст и развој, што резултира и со економски и еколошки притисоци. Неодамна Дојче Телеком стана и првиот телекомуникациски провајдер кој воведе иновативни решенија за паметни градови врз основа на новата технологија за теснопојасен интернет на нештата.

Дел од заслугата за успехот на овие иницијативи му припаѓа и на Македонски Телеком, којшто ќе учествува на Smart City Expo со проектот Паметен град, за имплементација на современ интегриран систем за автоматска локација на возилата и електронска наплата во јавниот градски превоз во Скопје. Проектот е добитник и на престижното признание од Светската алијанса за информациони технологии и услуги (WITSA) во категоријата Решение за оддржлив раст, во Бразил, оваа година.

“Нашата цел е паметната технологија да ја ставиме во функција на модерниот град, преку паметни решенија да придонесеме до подобрување на квалитетот на животот, безбедноста на граѓаните и поддршка на економскиот развој. Системот за автоматска локација и електронска наплата за кој ја добивме престижната награда од Светската алијанса за информациони технологии и услуги (WITSA) е само почеток. Веќе работиме на решенија со кои ќе овозможиме Скопје да стане паметен град, по примерот на светските метрополи“, изјави Андреас Маиерхофер, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

На Светскиот конгрес за паметни градови, ќе биде инсталирана целосна поставка за презентација на најновите паметни решенија на Групацијата, од паметно паркирање и улично осветлување, паметна безбедност, до полнење на електрични возила и паметно управување со отпадот.

Покрај нови паметни решенија, на манифестацијата се очекуваат интересни дискусии и гости говорници кои ќе ја претстават визијата на Дојче Телеком за развојот и иднината на паметните градови.