Собранието на акционери на Македонски Телеком донесе предлог Одлука за распоредување на дел од акумулираната добивка во износ од 1.240.660.224 денари, објавена на Македонска берза.
“Собранието на друштвото го распоредува делот од акумулираната добивка на Друштвото во согласност со општо прифатените сметководствени принципи во Македонија во износ од 1.240.660.224 денари за исплата на дивиденда“, се вели во предлог Одлуката.
Бруто износот на дивиденда по акција е 14,38 денари.
“Друштвото од бруто износот на дивиденда, доколку е применливо, при исплата ќе ги задржи и уплати сите даноци согласно важечката даночна регулатива во Македонија на датумот на исплата“, стои во предлог Одлуката за исплата на дивиденда и дивиденден календар.
Датумот на евиденција на акционерската книга според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 07.12.2015 година.
Последен ден на тргување со право на дивиденда е 02.12.2015 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 03.12.2015.
Исплатата на дивиденда, како што се наведува, ќе се изврши меѓу 18.12.2015 и 29.12.2015 година.