Македонски Телеком со добивка од една милијарда денари ја заврши 2016 година

19

telekom-logo

Македонски Телеком, во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 1.035.942.000 денари, стои во неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Претходната 2015 година, телекомуникациската компанија прикажа 1.242.715.000 денари добивка.

“Приходите и трошоците резултираа со намалување на нето добивката за 2016 година за 16,6% во споредба со претходната година“, стои во Образложението за работењето на Македонски Телеком.

Вкупните приходи од продажба во 2016 година изнесуваа 10.485.500.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 9.700.258.000 денари, а на пазари во странство е остатокот од 785.242.000 денари. На крајот на 2015 година, вкупните приходи од продажба на телекомуникациската компанија беа на ниво од 10.615.575.000 денари.

“Приходите од продажба во 2016 година изнесуваат 10.485.500.000 денари, што претставува намалување за 1,2% во споредба со претходната година“, стои во Образложението.

Македонски Телеком на пазарот за фиксни говорни услуги има 216,8 илјади корисници на крајот од 2016 година, додека на пазарот на мобилната телефонија, компанијата има 1.258.000 претплатници.