Македонски Телеком со нова апликација за AR доживување

34

bb-best-network-440x240_3

Македонски Телеком како динамична и иновативна компанија која им овозможува на своите корисници да се поврзуваат било каде, било кога, охрабрувајќи ги да направат повеќе, оди и чекор понапред  овозможувајќи им да ја доживеат на своите смартфони револуционерната Augmented Reality (АR).

Со симнување на апликацијата Telekom AR, скенирајќи го кодот од билбордите и ТВ рекламите на Телеком, како и стикерите на излозите во продавниците на Македонски Телеком, корисниците може да уживаат во можностите на AR технологија на најдобрата мобилна мрежа.

(за андроид) https://play.google.com/store/apps/details?id=com.telekom.ar

(за apple корисници) https://itunes.apple.com/us/app/telekom-ar/id1343665605?mt=8

Апликацијата им овозможува на корисниците виртуелно да го посетат прекрасниот пејсаж на пештерата Врело во кањонот Матка, да ги испитаат виртуелните училници и да се сретнат со науката преку интерактивни 3D модели и анимации, како и да го прегледаат најновите содржини од најдобрата дигитална телевизија MaxTV.