Македонски Телеком со тримесечна добивка од 466,3 милиони денари

47

Македонски Телеком првото тримесечје од оваа година го заврши со добивка од 466.376.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, добивката на телекомуникациската компанија беше 313.241.000 денари.

“Нето добивката за првите три месеци од 2021 година е зголемена за 48,9% во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 466.376.000 денари“, стои во Образложението за работењето на Македонски Телеком.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 31-ви март оваа година, достигнаа ниво од 2.686.314.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 2.604.450.000 денари, додека остатокот од 81.864.000 денари е остварен на странски пазари.

“Приходите од продажба во првите три месеци од 2021 година изнесуваат 2.686.314 илјади денари, што претставува зголемување за 2,6% во споредба со истиот период од претходната година“, стои во Образложението.