Македонски вина и ракии за првпат во Емиратите

35

vinoМакедонските вина и ракии на Тиквеш, Камник и Стоби од денеска за прв пат можат да се купат во Емиратите. Засега производите се продаваат во најпознатата продавница за алкохолни пијалоци во Ум Ал Кувајн, а наскоро би можеле да се најдат и во хотелите и рестораните во Емиратите, велат од ЕвроБалкан, единствената продавница која пласира прехранбени производи од нашите простори на територијата на Емиратите.

Во Дубаи веќе три години работи продавница на ЕуроБалкан која е специјализирана за прехранбени  производи од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ и други земји од регионот.