По промоцијата во Хонг Конг, македонското вино пристигна и на саемот во Шангај, Кина. На овој саем учествуваат над 1.000 изложувачи од 20 земји од светот, а истиот привлекува повеќе од 20.000 увозници и дистрибутери на вино.
Десет македонски винарии Тиквеш, Сковин, Стоби, Бовин, Езимит, Далвина, Камник, Попов, Имако и Попова Кула организирани преку Здружението Вина од Македонија, учествуваат на интернационалниот саем за вино и жестоки пијалоци ProWine China.
Заедно со останатите вина од светот, македонските вина здружено се промовираат пред професионалната публика на Шангај – увозници, дистибутери, преставници на ХоРеКА сегментот, вински критичари, новинари и сомелиери.
Саемот се одржува од 12 до 14 ноември 2014.