Македонските фармери во посета на Албанија

21

Петнаесетина фармери од Македонија преку Федерацијата на фармери на Република Македонија, престојуваат на студиска посета на Албанија.
Посетата има за цел македонските фармери со фармерите од Албанија да разменат искуства за заедничките проблеми и искуства кои ги имаат во земјоделството, како и за развој на земјоделството како значајна регионална стопанска гранка.
Студискиот престој опфаќа посети на фарми, производствени капацитети, посета на Албанскиот земјоделски совет, како и на Институтот за земјоделство.
Престојот е организиран во рамки на проектот Почувствувај го здравиот рурален живот, финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка.
Целта на проектот е да се подобри економската состојба на руралното население во пограничните региони преку нивна меѓусебна соработка, воспоставување на тренинг центар во Вруток, едукација за рурален развој, промоција на традиционална храна и рурален туризам, како и брендирање на производи.