Група бизнисмени од Египет денес ќе ја посетат Р. Македонија, со цел да воспостават деловни контакти со македонски компании.
Во рамките на нивната посета, Стопанската комора на Македонија организира Македонско-египетски бизнис-форум, на кој предвидено е да се реализираат билатерални деловни контакти со македонски компании, кои би се јавиле како нивни потенцијални деловни партнери.
По завршување на официјалниот дел на Бизнис-форумот, планирани се билатерални разговори меѓу компании од двете земји.
Организатор на билатералните бизнис средби е Стопанската комора на Македонија во соработка со египетската бизнис асоцијација ЕБЈ.