Македонско-руски бизнис форум

54

Македонско – руската стопанска комора и Стопанската комора на Македонија организираат Македонско – руски бизнис форум.

Бизнисмени од Тамбовската област (Руска Федерација), денес ќе престојуваат во државава. Целта на нивната посета ќе биде воспоставување деловни контакти со компании од повеќе стопански дејности, како земјоделство, трговија на големо и мало, увоз на производи за широка потрошувачка, облека и обувки, прехранбена индустрија и друго.

Тамбовката област е федерален регион во Русија и се наоѓа околу 460 км јужно од главниот град Тамбов. Градот е еден од главните центри за нанотехнолошки иновации. Во оваа област живеат околу 1,2 милиони жители, според пописот направен во 2002 година.