Македонско – турски бизнис форум

49

Претставници на 23 компании од Стопанската комора на Бергама, Турција денес на бизнис форум ќе остварат директни средби со македонски стопанственици.

На средбите бизнисмените ќе разговараат за можностите за соработка.

Најавено е присуство на компании од секторите градежништво, фармација, живинарство, угостителство, производство на маслиново масло и трговија на големо со храна, градежни алатки, електрични апарати за домаќинство, текстил и мебел.

Бизнис форумот е во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија.