Во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Унијата на индустријалци и бизнисмени од Досемеалти – DÖSİАD на Анталија, денеска во Скопје се одржува македонско – турски бизнис форум.
Целта на форумот е воспоставување деловни контакти меѓу македонски и турски компании.
Регионот на Досемеалти е познат по производство и преработка на руди и мермер, репроматеријали за градежништво, производство на хемиски материјали и текстил, а особено се познати по Досемеалти – номадските теписи, производство на хемиски супстанци за базени и бањи, метална индустријата и др.
Планирано е да се одржат билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански сектори: металната индустрија, текстилната (репроматеријали – суровини), производството и преработката на мермер, градежништвото, дизајнот, архитектурата, автоиндустријата, прехранбено – земјоделскиот сектор транспортот, консалтинг услугите, медицинтаа, трговијата, туризамот и друго.