Македонско – турски бизнис форум

26

Стопанската комора на Македонија организира Македонско – турски бизнис форум, на кој што 15-тина турски компании од областа Башискеле, еден од најразвиените индустриски региони во Република Турција, ќе воспостават деловни контакти со македонски компании од различни стопански дејности.

На Бизнис форумот ќе се одржат и билатерални деловни средби меѓу компании од областа на: градежништвото и градежната индустрија, преработувањето на стакло, металопреработувачката индустрија (машини и опрема), хемиската индустрија, трговијата, правните услуги и друго.