Во рамки на посетата на унгарскиот премиер во Македонија, Стопанската комора во соработка со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, ќе организира бизнис форум во Скопје.
По официјалното отворање на бизнис форумот, унгарските компании ќе имаат можност да остварат и поединечни средби со компаниите од земјава, со цел да се подобрат и зголемат бизнис релациите меѓу двете држави, како и за препознавање на нови можности за инвестирање и соработка.
Македонско – унгарскиот бизнис форум, кој ќе се одржи на 5ти декември, е одлична можност за воспоставување меѓусебна идна соработка на компаниите од двете земји.