Македонското здружение за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј стана член на ICAR-CISA

136

logo

Македонското здружение за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј, стана првата и во моментов единствена организација во Македонија која стана член на Меѓународната комисија за алпско спасување ICAR-CISA (International Commission for Alpine Rescue). На неодамнешниот состанок на Управниот одбор на оваа меѓународна организација, со позитивна одлука за членството на Асклепиј, беше потврдена заложбата и трудот на македонските алпинисти кон високи критериуми и во овој сегмент на работа.

Асклепиј во 2005 година, беше оформен од македонските алпинисти, кои од секогаш најмногу ја чувствувале потребата од сериозен пристап во планинското спасување и достигнување на меѓународно признаени стандарди и пракси. Денес алпинистичките клубови членови во Македонската алпинистичка федерација, се сржта на Македонското здружение за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј, при што тие се во суштина и тимови кои први реагираат на одредена територија, распределена според планот за работа на Асклепиј.

Меѓународната комисија за алпско спасување е независна, светска организација која ги почитува своите членови и ја промовира меѓународната соработка.