Македонците лани купиле недвижности во вредност од 910 милиони евра, најмногу се купувале станови

36

Во базата на Регистарот на цени и закупнини лани се внесени 32.971 трансакција, од кои 23.545 купопродажби на недвижности и 9.426 закупи на недвижен имот. Купопродажбите во Регистарот на цени и закупнини во 2023 година се намалени за четири проценти споредено со тие во 2022 година, а закупите се зголемени за девет проценти покажува Годишниот извештај за работата на Агенцијата за катастар на недвижности во периодот јануари-декември 2023 година.

Вредноста на регистрираните купопродажби со недвижности во 2023 година изнесува 910 милиони евра.

Минатата година најмногу купопродажби се регистрирани во март, 2.464, а најмалку. 1.722 имало во април, покажува Годишниот извештај за работата на Агенцијата за катастар на недвижности.

Регистрирани се 19.093 продажби во вредност од 670 милиони евра, 3712 купопродажби од инвеститор од 226 милиони евра, 683 откупи од страна на државата со вредност од шест милиони евра, како и 54 продажби на лицитација во вредност од 57 милиони евра.

Според типот на недвижностите, лани биле направени купопродажби на 7.518 станови во вредност од 431 милион евра, 2.810 куќи во вредност од 148 милиони евра, 1005 деловни простории од 139 милиони евра. Исто така, регистрирани се 8492 купопродажби на земјоделско земјиште со вредност од 77 милиони евра, 2.490 на градежно земјиште од 70 милиони евра, 78 во индустријата од 11 милиони евра, 708 гаражи со вредност од четири милиони евра…

Месечната закупнина за евидентираните 9426 закупи во 2023 година била во вредност од 4,284 милиони евра.

Лани имало 3011 закупи на станови, 1417 закупи на куќи, 3206 на државни парцели, 1222 на земјоделско земјиште и шуми, 225 на градежно земјиште, 199 закупи на индустриски објекти, 50 закупи на гаражи…