Making Weather е лебдечки облак којшто емитува светлина и функционира како Bluetooth звучник во исто време. Проектот е дел од соработката помеѓу две компании, студиото Richard Clarkson и специјалистите за лебдечки објекти Crealev.
Производот е направен од бели рачно изработени полиестерски влакна, што го прават секој звучник уникатен. Уредот има вградено магнети што овозможуваат облакот да лебди над базата, а освен тоа има LED светла коишто креираат звуци од типот на громови и секавици, во зависност од типот на музика што свири.
Овалната база е се снабдува со енергија од литиум јонска батерија и овозможува самиот облак да лебди сè додека се користи. Тој целосно ротира и прави кратки вертикални движења при што создава речиси реална слика на една мала бура во вашиот дом или канцеларија.
Производот сè уште е прототип, но креаторите се надеваат дека наскоро ќе стане достапен за потрошувачите.