Компанијата Макотекс оствари нето загуба од 9.414.000 денари во 2013 година, покажува конечниот ревидиран извештај на компанијата, објавен на Македонска берза.
Приходите од продажба на Макотекс лани биле во вредност од 17.006.000 денари, додека една година претходно тие биле на ниво од 18.674.000 денари.
Оперативната загуба во 2013 година била 9.254.000 денари, додека добивката пред оданочување е во висина 9.299.000 денари.