Макпетрол ги објави своите цени на горивата

48

Фото: Pixabay

Компанијата Макпетрол информира дека, по настапување на периодот во којшто Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) не донесе одлука за определување на највисоките цени на одделни нафтени деривати, Макпетрол пристапи кон формирање на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати што се достапни на бензинските станици.

Според информацијата, објавена на Македонска берза, дериватите ќе ги имаат овие цени:

  • Ultra 95+ economy ќе се продава по цена од 71 денар за литар
  • Ultra 100 race pro ќе се продава по цена од 73 денари за литар
  • Ultra diesel green power ќе се продава по цена од 64 денари за литар
  • Ultra diesel bio power ќе се продава по цена од 65 денари за литар
  • Екстра лесното масло ќе се продава по цена од 54 денари за литар.

Методологијата по којашто компанијата ги формираше новите највисоки малопродажни цени на дериватите, како што се наведува, е светски призната светска методологија што во себе ги вклучува сите давачки и сите реални трошоци на компаниите.