Макпетрол ја додели главната награда од наградната игра на програмата за лојалност Верна

2

457afb72-337a-4401-9e4a-8fc07a20db51

Заврши наградна игра „Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш!“ на компанијата Макпетрол АД. Во продажно сервисниот центар Хонда, денеска свечено се додели главната награда скутер Honda ANC 125 SH Mode која заврши во рацете на скопјанецот Мишко Брзаковски.

Мишко Тасевски, раководител на секторот маркетинг на Макпетрол АД во своето обраќање изјави дека наградната игра Колку повеќе полниш, толку повеќе добиваш! била начин компанијата да се заблагодари на своите верни потрошувачи за укажаната доверба.

„По отпочнувањето и заживувањето на ВЕРНА програмата, нашиот труд беше награден на најубав начин. ВЕРНА картичката стана алатка за секојдневно функционирање на нашите верни потрошувачи, а очекувањата околу истата беа дури и надминати. Кога бројот на издадени и функционални ВЕРНА картички го надмина 50.000-тиот член, одлучивме дека на некој начин треба дополнително да им се заблагодариме на членовите на Верна програмата за покажаната доверба и лојалност. За таа цел ја креиравме наградната игра, преку која корисниците на ВЕРНА картичките учествуваа со можност да добијат вредни награди“, изјави Тасевски.

„Активноста и бројноста на ВЕРНА картичките сами по себе говорат за успехот на проектот. Идејата за проектот почна како гест на благодарност кон верните потрошувачи и прерасна во начин на размислување при купувањето“, истакна директорот на дирекцијата за малопродажба на Макпетрол АД, Љупчо Георгиевски и додаде:

„Предизвиците беа големи, а самата програма растеше заедно со нејзините корисници. ВЕРНА програмата за лојалност ни овозможи да развиеме комуникација со потрошувачите и од прва рака да ги запознаеме нивните желби и потреби, а од друга страна да ја следиме и наградиме посветеноста на вработените, кои имаат голема улога во успешноста на истата“

На настанот се доделија и лаптопи Dell освоени во последното осмо редовно коло.