Макпетрол со загуба од над 116 милиони денари во првото полугодие

37

makpetrol

Компанијата Макпетрол во првите шест месеци од оваа година оствари загуба од 116.854.000 денари, покажуваат податоците од неревидираниот консолидиран биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, Макпетрол прокнижи загуба од над 217 милиони денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата се во висина од 9.810.070.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 9.506.161.000 денари, додека остатокот од 303.909.000 се на странски пазар.