Компанијата Макпетрол оствари загуба по оданочување во висина од 226.922.306 денари, покажува одлуката за усвојување на консолидираната годишната сметка и на финансиските извештаи за минатата година, објавена на Македонска берза.
Од први јануари до 31 декември минатата година, компанијата оствари вкупен приход од 21.496.211.376 денари, додека расходите беа на ниво од 21.714.114.763 денари.