Во Сараево вчера беше отворен Халал саемот и форум SAHAF 2013, кој ќе трае до утре, 17 мај. SAHAF е првиот специјализиран Халал саем во југоисточна Европа, на кој се собрани претставници од водечките светски халал индустрии и мултинационални компании. На овој саем присуствува и Макпрогрес, една од првите компании во Македонија што го имплементираше Халал сертификатот.
Покрај изложените производи на околу 30 произведувачи од Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Хрватска, посетителите ќе имаат можност на форумите да дознаат нешто повеќе за халал производите, а ќе се одржат и бројни културни и забавни активности.