Макпрогрес – најеколошка компанија за 2011

23

Макпрогрес доо е добитник на националната награда за општествено одговорни практики за 2011 година, која е дел од проектот „Општествената одговорност на претпријатијата во Република Македонија“. Проектот е кофинансиран од Европската Комисија, а спроведуван од Министерството за економија, во партнерство со Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението „Конект“, со цел промовирање на позитивните практики на општествено одговорно делување, како и унапредување на општествената одговорност кај претпријатијата во Република Македонија во категоријата Животна средина кај големи претпријатија.

Макпрогрес ја доби првата награда за проектот „РРР” – Редуцирај, Рециклирај, Реупотребувај – Стратегија за одржлив развој.

Сето ова е само логично продолжение на заложбите и практиките кои претпријатието ги имплементира во своето работење. Големината на претпријатието, типот на производството, улогата и значењето во вкупното општествено и економско делување како и постојаното проширување на пазарите каде што се пласираат производите на Макпрогрес наметнуваат и сериозен и одговорен пристап во работењето. За таа цел покрај воведување на стандарди за производство кои се неопходни според актуелните прописи во државата, досега се имплементирани многу специфични стандарди кои ги наметнуваат државите во кои се извезуваат производите на претпријатието. Токму затоа производите на Макпрогрес може да се најдат во над 32 држави насекаде во светот.