Макпрогрес: Нови производи од линијата Сончева Долина

263

Македонската компанија Макпрогрес воведе нови производи во својот асортиман. Линијата Сончева Долина е збогатена со производи од соја. Овие производи се појавуваат како суб бренд од Сончева Долина – Soya Sun.

Новите производи од Soya Sun се: соја трошки, соја топчиња и соја шницли. Изобилуваат со витамини, минерали, изофлавоноиди и лецитин кои го регулираат холестеролот во крвта и дејствуваат превентивно против рак. Производите се по состав 100% генетски немодифицирана соја (без ГМО). 

Сојата и производите од соја се природно богати со калциум. Дополнително сојата содржи и магнезиум и бор, кои се важни кофактори на калциумот, потребен за здравјето на коските. Покрај ова, сојата и производите од соја се најдобар природен извор на билни протеини.
Уште еден нов производ на компанијата Макпрогрес од линијата Сончева Долина е црвената леќа. Овој производ содржи хранливи енергетски и нутритивни вредности, големо количество на калциум, железо и фосфор, како и витамини Б1, Б2 и Б3. Во малопродажната мрежа црвената леќа може да се најде во пакување од 400 гр. и 900 гр., а на оригиналното пакување можат да се најдат и рецепти за нејзина подготовка.

Минатиот месец во Виница беше промовиран и готвач од Сончева Долина, “Вкусна инспирација“, збирка традиционални рецепти од Костадинка Цветанова.