Макпрогрес со признание од Стопанска комора

42

stopanska komora priznanijaВо рамки на одбележувањето на годишнината, Стопанската комора им посвети посебно внимание на компаниите и менаџерите кои во време на економска криза биле храбри да инвестираат во нови производни погони, како и на компаниите и менаџерите кои гледајќи го својот прогрес во регионалното проширување, отворија производни погони во странство.

Макпрогрес е една од компаниите која е прогласена за најхрабра компанија што инвестирала во услови на криза. Признанието за остварени инвестиции во услови на криза им беше свечено доделено на главните менаџери на Макпрогрес, г-дин Александар Цветанов и г-дин Глигор Цветанов.

Макпрогрес е единствена компанија од областа кондиторија која се здоби со вакво признание.

Стопанската комора е водечка бизнис – асоцијација. Функционира од 1922 година, членка е на бројни меѓународни организации и институции и соосновач на мешовити комори и деловни совети. Има околу 15.000 членки од кои најголемиот број се мали и средни претпријатија.