Макстил го прекинува производството во Челичарница до целосно поставување на филтерската постројка

163

filter stanica makstil 29 10 2014_0071

Макстил го прекинува производството во погонот Челичарница се додека не се стави во целосна функција новата филтерска постројка, стои во соопштението на компанијата.

“Според зацртаниот план што беше презентиран пред надлежните институции и јавноста, сите предвидени обврски се реализирани во рок. Од 31.10.2014 Макстил го прекинува производството во погонот Челичарница се до ставањето во целосна функција на новата филтерска постројка. Во престојниот период ноември 2014 – јануари 2015 следува завршната фаза од реализацијата на проектот нова филтерска постројка. Таа опфаќа монтажа и поврзување на новата постројка со постоечките инсталации. Од средината на декември 2014 до средината на јануари 2015 следуваат ладни и топли проби, по што погонот Челичарница повторно ќе биде активиран, а ќе работи по најстрогите европски норми за емисии на издувни гасови во амбиенталниот воздух“, велат од Макстил.

Производството во погонот Валавница, односно испораката на лимови и задоволувањето на обврските кон купувачите, ќе продолжи непречено со полуфабрикат (челични слабови) набавени од увоз.