Макстил прикажа добивка од 1,9 милиони денари за девет месеци

37

makstil

Металуршката компанија Макстил оствари вкупна сеопфатна добивка од 1.909.000 денари во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, покажува неконсолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во првите девет месеци од 2014 година, Макстил прикажа добивка од 2.414.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите девет месеци од 2015 година достигнаа 2.701.986.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 1.807.296.000 денари, додека на странски пазари отпаѓаат 894.690.000 денари.

Во истиот период лани вкупните приходи од продажба се на ниво од 3.503.699.000 денари.