Макстил со добивка од 1,9 милиони денари ги заокружи деветте месеци од оваа година

51

Во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, металуршката компанија Макстил прикажа вкупна сеопфатна добивка во вредност од 1.963.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од минатата година, компанијата оствари добивка од 3.569.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на крајот на септември 2018 година имаа салдо од 4.689.153.000 денари. На домашен пазар од тој износ зафаќаат 746.783.000 денари, додека поголемиот дел од 3.942.370.000 денари е реализиран на пазари во странство.