Макстил за девет месеци оствари 1,5 милиони денари добивка

16

makstil

Металуршката компанија Макстил, од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари 1.503.000 денари вкупна сеопфатна добивка, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во истиот период лани, компанијата прикажа добивка од 1.909.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година изнесуваа 2.666.407.000 денари. На домашен пазар направена е реализација од 1.515.919.000 денари, додека остатокот од 1.150.488.000 денари е остварен на пазари во странство.