Макстил за шест месеци оствари 1,6 милиони денари добивка

19

makstil

Металуршката компанија Макстил во првото полугодие од оваа година прокнижи добивка во висина од 1.620.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата оствари добивка од 1.064.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во периодот јануари – јуни 2017 година достигнаа 2.581.387.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар е направена реализавија од 520.755.000 денари, додека на пазари во странство продажбата достигна 2.060.632.000 денари.