Мала, но моќна: Европска земја каде што жителите не ги заклучуваат своите автомобили

116

Азурен брег, јахти, скапи автомобили и казина се веројатно првите работи што ви паѓаат на ум кога некој ќе го спомене Монако.

Монако е втор најмал град-држава во светот, сместен на Азурниот брег, односно на брегот на Средоземното море. Тука се наоѓаат најскапите недвижнини во светот. Цената на метар квадратен е двојно повисока отколку во Њујорк, кој инаку важи за еден од најскапите градови во светот. Оваа година Монако ја однесе победата доста убедливо – просечната цена на метар квадратен е 47.600 евра.

Но, што друго знаете за ова кнежевство? Во продолжение ви донесуваме неколку интересни факти.

Монако е држава (буквално микро-држава) лоцирана на француската ривиера, во близина на италијанскиот регион Лигурија. Таа е една од оние земји што граничи само со една земја, а во овој случај тоа е Франција. Исто така, иако фромално Монако не е членка на ЕУ, го користи еврото како валута.

Монако е управуван од кнежевство, а во моментов владее Алберт Втори. Тој потекнува од династијата Грималди, и е син на познатата актерка, а подоцна и принцеза на Монако, Грејс Кели.

Според површината, Монако е втората најмала земја во светот. Од неа помала е само Ватикан. Монако е толку мала земја што практично може да се прошета пешки, но кога станува збор за густината на населението, земјата се наоѓа на прво место.

Минималната загарантирана плата овде изнесува околу 1.200 евра, а просечната плата е околу 4.400 евра. Сепак, со оглед на трошоците за живот и цените во оваа земја, тоа не е премногу, но со две просечни плати можете да поминете луксузен одмор речиси секаде во светот.

Секоја година, уште од 1929 година, Монако е домаќин на трката во Формула 1. Возењето во Монако е посебно, бидејќи не се одвива на посебна тркачка патека, туку на градските улици. Патеката е тесна и нема многу можност за претекнување, а присуството на трката е прашање на престиж.

Поради богатиот живот, но и угледот, жителите на Монако генерално изгледаат пристојно. Овде се мали шансите да наидете на некој со зелена обоена коса, а ако наидете, веројатно станува збор за турист.

Монако е прилично безбедна земја, и многу граѓани воопшто не ги заклучуваат вратите на автомобилите. Причините за ова се релативно големиот број полицајци, како и големиот број безбедносни камери.

Фото: Pixabay